Едногодишната Араи Ватли за малку ќе умрела откако проголтала шест магнетни топки со кои си играла нејзината сестра Ајл (9).
Детето во семејниот автомобил пронашло метални топчиња и ги ставило во уста, а неговата мајка Хана (29) не ни била свесна за тоа, пренесува Метро.
Неколку дена подоцна, Хана се загрижила кога Араи почнала да повраќа, па ја однела во општата болница Нортхемптон во Англија. Детето во меѓувреме почнало да се гуши и итно му била укажана помош.
Лекарите откриле метални топчиња, поврзани во стомакот и немало друг избор освен да организираат операција.
“Бев апсолутно преплашена. Следното утро ја однесоа во болницата во Лестер и беше оперирана. ѝ извадија шест магнети од стомакот. Моето срце е скршено и се чувствувам виновна бидејќи не знаев што се случи”, рекла мајката.
Лекарите истакнале дека Араи имала среќа, бидејќи магнетите и ги блокирале цревата, а при седумчасовна хируршка интервенција биле принудени да и отстранат дел од мочниот меур и цревата.
„Од болките јадеше малку, па нарачана е интравенска парентерална исхрана“, вели Хана.
Очајнат мајка водеше кампања за забрана на продажба на метални топчиња, или магнети, кои нејзиното дете ги проголта.
“Не сакам другите родители да поминат низ ова. Тоа е најлошиот кошмар. Овие работи треба веднаш да се забранат, пред детето да биде хоспитализирано. Не сфаќате каква штета можат да направат”, рекла Хана, пренесува телеграф.рс.