Лазо Димитров, новинар во ТВ Кочани во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, изјави дека грешката со трагедијата која што се случи во Кочани е направена уште од самиот старт.
„Во вакви ситуации мора прво да се мисли на последиците, а потоа на ефектите кои би требало да се добијат од работењето на таква дискотека. За жал, во тој период се направени многу пропусти, не само од оние кои инвестирале во целата работа, туку можеби многу повеќе од оние кои се надлежни. Ние сме држава во транзиција, ние честопати гледаме ние призмата на пријателството, другарството, многу луѓе гледаат и низ призмата на профитот и тука некаде затајуваме како држава. Јас вината ја префрлам на целата држава, а Кочани е само местото каде што експлодираше сета таа негрижа, непрофесионалност и неодговорност кога се работи за едни вакви случаи“, рече тој.
Гледајте ја целата емисија Стадион на линкот: