Два земјотреси со јачина од 2,7 и 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погодија Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод, пренесува телефраф.рс
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди населбата Гоч во општина Врњачка Бања во 7 часот и 18 минути, на длабочина од шест километри.
Вториот земјотрес, во 7 часот и 20 минути, со јачина од 2,9 степени ја погоди истата локација на длабочина од 10 километри.