Нека ти е светол патот, не требаше вака да биде! Ова е само дел од траорните пораки кои се искажуваа во капелата на гробиштата Бутел на последното испраќање на Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани.
Многубројни колеги и пријатели чекаа во колона со цвеќе за да му запалат свеќа и го испратат на последното патување. Два часа беа малку за да сите кои дојдоа му оддадат почит и влезат во капелата.
На гробиштата во Лисиче денес беше погребана и Сара, придружен вокал во ДНК.
ММС упатува сочуство до семејствата и од почит кон Андреј и Сара нема да објавува фотографии од последнот испраќање.
Останете запаметени такви какви што бевте, насмеани и весели. Кога ја испеавте „Ако утре ме нема“ никој не ни помислуваше дека ова песна ќе ви го обележи животот… За жал вас ве нема веќе, а ние ќе останеме да ја пееме песната и да се сеќаваме на вас….
Нека ви е светол патот Андреј и Сара, пејте со ангелите…