Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства, Владата преку соопштение ги замолува медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.
Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи, велат од Влада.
– Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста. Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Сѐ што има во интерес на истрагата, се додава, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации.
– Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара. Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста, посочуваат од Владата.
Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.
– Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти, подвлекуваат од Владата.
Информираат дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.
Владината служба ги објави телефонските броеви на кој граѓаните чии блиски се лекуваат во странство може да контактираат со надлежните во соодветните земји.
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
075/273-732
075/268-736
Турција-Анкара
+90 5316579200
+90 5335725684
Турција-Истанбул
+90 542 810 99 78
+90 552 561 80 09
Грција-Атина
+30 6944190134
+30 6947736602
Грција-Солун
+30 694 525 8536
Бугарија
+359 876123768
+359 876112993
+359 889210005
Србија
+381 601382942
+381 601427455
Унгарија
+363 03037377
Литванија-Полска
+48 608141191
Австрија
+436644680520
+436767069209
Словенија
+386 41 353 198
+386 40 800 747
Хрватска
+385 99 524 4741
+385 91 608 2944
Норвешка
+47 406 31 613
+47 922 34 630
Италија
+39 3384079247
+39 3518504187
Полска
+48 608 141191
Шведска
+46 701844605
+46 768792019