Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.
-Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест. Апелираме до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера, појаснуваат од МВР
Полицијата обезбедува документи од општината, не ги попречува граѓаните на протест, појаснуваат од МВР
