Амбасадорот на Република Туркије Н.Е. Фатих Улусој вчера (17.03.2025) ја потпиша книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани, информираат од Амбасадата.
Амбасадорот потоа оствари средба и со Државниот секретар на наведеното Министерство Елена Кузманоска при што изрази сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.
Туркије како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија. Во Амбасадата на Република Туркије спуштено е на пола копје турското знаме во знак на почит.

Писма со жалост испратија и Претседателот на Република Туркије Н.Е. Реџеп Тајјип Ердоган упатени до Претседателката на Република Северна Македонија Н.Е. Гордан Сиљановска Давкова и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Н.Е. Христијан Мицкоски, како и писмото на Министерот за надворешни работи на Република Туркије Н.Е. Хакан Фидан упатено до Министерот за надворешни работи надворешна трговија на Република Северна Македонија Н.Е. Тимчо Муцунски.