Две млади момчиња и 17-годишната девојка повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани се’ уште се на Одделението за интензивна нега на ВМА-Варна.
Девојчето нема тешки изгореници, но вдишала повеќе чад и затоа нејзиното лекување продолжува, пренесе БНР. Роднините на младите, близу 20 лица, се во Варна, Министерството за надворешни работи им обезбеди сместување, а и општината е подготвена да помогне доколку има потреба.
Информации за состојбата на жртвите од здравствената установа се доставуваат два пати дневно до роднините. Според првичните информации, се очекува уште еден или двајца повредени од Кочани да бидат пренесени во ВМА во Варна.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица. Над 150 други беа повредени. 14 лица се пренесени на лекување во Бугарија.
Извор: BGnews