Утрово Кочани се разбуди со уште една тажна вест. Почина Иле Гоцевски(42) , возач во Брза помош во Општата болница Кочани, кој ноќта по пожарот превезувал настрадани лица.
ММС се обрати до Брзата помош во Кочани, од каде ни ја потврдија инормацијата и ни рекоа дека кога се случил пожарот Иле бил ноќна смена.
-Шокирани сме од веста дека нашиот Иле веќе го нема. Беше многу вреден човек, беше многу добар возач и колега и хуман човек. Во моментот на пожарот беше ноќна смена и превезуваше настрадани од дискотеката и покрај тоа што претходно на колегите се пожалил дека не се чувствува добро. Имал многу низок протисок, примал инфузија, но потоа станал и заминал да помага. Легнал да спие и не се разбудил. Причината, колку што ние знаеме, а не сме сигурни, се претпоставува дека е мозочен удар, ни рекоа негови колеги од Брза помош од Кочани, кои со пофални зборови се простуваат од него. .