Освен Горги Горгиев, меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитрист во ДНК.
Стевановски и Коларов се од Штип и, како што велат штипјани, и двајцата биле оженети за две сестри.
Според видеата, што се споделуваат на социјалните мрежи во моментот кога настанал пожарот журката била во полн ек.
„Што сака нека биде“ беше песната која се пееше кога почнаа пламените јазици да се шират, се вели во објавите на социјалните мрежи.
Од она што се знае до сега е дека Панчо е во болница со повреди, а за Андреј се уште се шират шпекулации и се додека нема официјална потврда за неговата состојба ММС нема да објавува информации.