Државниот јавен обвинител, Љупчо КОцевски се обраи пред новинарите, но не можеше да каже детали, бидејќи, како што рече , истрагата се уште е во тек.
-Во текот на денот ќе се врши увид и ќе се знае кои се пропустите. Во моментов пет јавни обвинители се во Кочани. Причините допрва ќе се утврдуваат. Во моментов не можеме ништо повеќе да кажеме. Во моментов се уште се издаваат наредби за вештачење. Ништо повеќе не можам да кажам. ЈО со целиот капацитет е спремно да превзме активности. Се испитуваат околности и се врши увид. Кога ќе се заврши увидот, ќе се сослушаат лица. Увидот ќе трае се до моемнтот додека не биде завршен. На родителите можам да им гарантирам на брза истрага, ќе ангажираме вештаци од сите области. Во текот на денот ќе се знае колку луѓе се повикани на разговор, рече тој.
Обвинителот не кажа колку вкупно гости имало во дискотеката и со колкав капацитет е таа.