Преку единствен број за итни повици 112 денес во 12.37 часот од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро, инфрмираат од ЦУК.
-Лицата се држеле за чамецот и самата струја ги носела кон хидроцентралата. Од ЦУК веднаш е стапено во контакт со Диспчерски центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово и известен сум дека немаат исправен чамец. Известено е одговорното лице од ренџерска служба од Национален парк Маврово и известен сум дека имаат чамец и поради силниот ветер во Мавровското езеро има бранови и луѓето не се специјализирани за спасување во води и претставува потенцијална опасност да ги загрози и своите вработени. Во истиот момент преку РЦУК Тетово известени се ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Национален Парк Маврово ренцерска служба. Испратено е барање до ДЗС за ангажирање на чамец и специјализиран тим за спасување во води.

Исто така од наша страна изпратено е барање на МВР за нивна проценка и ангажирање на специјален тим со чамец или хеликоптер со цел да се спасат двет лица во Мавровското езеро. Известен е директотор на ХЕЦ Маврово привремено да го запре производството на електрична енергија за да се избгнат струите в езерото. Раководителот на СОК извести дека ќе биде ангажиран хеликоптер со лица од спцијална единица Тигри, а чамецот ќе биде обезбеден од страна на одговорнот о лице од ренџерите во Националниот парк Маврово. Во тек е координативната акција за спасување на двете лица во превртениот чамец, инфрмираше Стојанче Ангелов во првичната информција, а подоцна додаде:
-Двете лица од превртениот чамец штотуку успеаја да го превртат и вратат чамецот во нормална позиција после што успеале да се вратат во чамецот. Лицата се извлекле и се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош, вели Ангелов.