Денеска се асфалтираат сервисните улици во штипската Клиничка болница:
- Како дојдовме до идејата за поместување на работите во кругот на болницата. Во комуникација и разговор со директорот Захариев и со медицинскиот персонал, констатиравме дека повеќе од 60 години откако е изграден овој дел на болницата, инфраструктурата не е реконструирана. Она кое што зависи од локалната самоуправа е токму инфраструктурата, пристапите до самата Клиничка болница, но и самите сервисни улици во рамки на Клиничката болница. Направивме нов пристап, практично старата капија ја оспособивме со нов потпорен ѕид, за кој што се одвоени нешто повеќе од 1,5 милиони денари, како прва фаза. Овој нов пристап ќе служи за возилата на итната медицинска помош, за да имаат полесен и побрз пристап, а веќе во втората фаза, како што најавивме, денес се асфалтираат сите пристапни улици во рамките на Клиничката болница, за кои што се одвоени нешто повеќе од 2,5 милиони денари. Очекувам денес активностите да бидат завршени и да се подобрат пристапите до Клиничката болница, но и во рамки на самата болница, сите сервисни улици. Секако дека она кое што е главен приоритет за штипјани, но и за граѓаните на Истокот е довршување на градбата на Клиничката болница, но како што напоменав, она кое што е во поглед на локалната самоуправа, веќе го правиме, вели Јорданов.

Директорот д-р Владко Захариев вели дека овој зафат е резултат на координација меѓу општината и болницата:
- Ова е една поголема реконструкција, коај што можеби година и пол, како советник и лекар, во разговори со градоначалникот за тоа што е потребно во болницата најпрво да се направи, на едно мислење сме и со целиот Стручен колегиум, е да има подобра пристапност на пациентите до самата болница. Оспособуваме два влеза, кои што ќе бидат влез за цивили и службен влез, односно влез за брза помош, а тоа е сегашната стара капија. Ова е добро координирана операција, се надевам така и ќе продолжиме, меѓу локалната самоуправа и централната власт, која ја раководи самата болница, додава Захариев.
