Кралот Чарлс „искеширал“ три милиони фунти (четири милиони евра) за да купи имот веднаш до викендицата на неговата сопруга, кралицата Камила, пишува Дејли Меил.
Стнува збор за имотот „The Old Mill“, кој се наоѓа веднаш до вилата во Вилтшир, каде Камила често престојува. Причината за купувањето наводно била загриженоста на Камила дека Старата мелница може да се претвори во свадбено место, пренесува Индекс.хр.
Неименуван пријател на Камила за Дејли Меил изјавил дека Чарлс бил загрижен и за безбедноста бидејќи потенцијалниот купувач имал планови да го искористи имотот за изнајмување во текот на летото и за свадбени прослави. Кралот наводно планира да ангажира човек за да се погрижи имотот да се користи соодветно.
„The Irish Independent“ пишува дека Камила ја купила викендицата Рејмил по разводот со Ендрју Паркер-Боулс. Наводно за тоа тогаш платила 850.000 фунти (околу милион евра), а нејзините пријатели велат дека Камила го користи имотот како „бегство од реалноста“. Таму, според извештаите, таа го поминала периодот на жалост по смртта на кралицата Елизабета Втора пред три години.