Во текот на изминатите неколку месеца, во срцата на 7 средни училишта, се случи нешто посебно. Речиси 200 ученици присуствуваа на едукативни работилници за менструално здравје, каде што со радост и ентузијазам учествуваа во проектот „Циклус на грижа: Поддршка за женското здравје“. Овој проект е насочен кон создавање на подобра свесност и знаење за менструалното здравје и хигиена, особено кај младите во Југоисточниот плански регион.
Работилниците не само што им овозможија на учениците да научат важни информации, туку и да се ослободат од стереотипите и стигмата поврзана со менструацијата. Секој учесник почувствува дека е дел од нешто поголемо, дека заедно ја градеа иднината во која отворениот дијалог и разбирањето ќе бидат основа за здравје и благосостојба.

Во рамките на овој проект, беше организирана и обука за наставници и здравствени работници, кои ја прифатија одговорноста да бидат поддршка за младите. Тие, со своето знаење и посветеност, станаа водичи во светот на менструалното здравје, поттикнувајќи ги учениците да се чувствуваат удобно да ги споделат своите прашања и искуства.
Втора фаза од проектот: Серија видео поткасти
Следната фаза од проектот, која стои пред нас, вклучува серија видео поткасти со експерти, кои ќе им помогнат на младите да продолжат да учат и да се информираат. Овие поткасти ќе бидат извор на инспирација и знаење, создавајќи нови можности за раст и развој. Првата епизода од поткастот е на тема ,,Превенцијата како прв чекор кон женското здравје и може да ја погледнете тука!

Проектот „Циклус на грижа: Поддршка за женското здравје“е дел од шесте проекти кои dm ги поддржа во нивната реализација преку конкурсот ,,Заедно за подобро утре“. dm заедно со сите учесници во овие проекти, создаваат свет во кој секоја млада девојка ќе се чувствува силна, информирана и поддржана!