Штипската тврдина Исар ќе се реконструира по примерот на скопското кале и Самуиловата тврдина во Охрид. Тврдината изградена во вториот век од нашата ера е симбол на Штип, а за нејзината реконструкција општината обезбеди 1,6 милиони евра преку вториот јавен повик за унгарскиот кредит.
Предвидено е да се реставрираат трите кули, кои меѓусебно ќе бидат поврзани со бедем висок четири метри. За автентичноста на реставрацискиот процес се грижи штипскиот Завод – Музеј, кој го подготвил проектот.
- Децениски сон на штипјани, коишто досега се замислувале како некогаш изледала тврдината „Исар“, синонимот и симболот на градот Штип, конечно проектот којшто го добивме од страна на Музеј-Штип успеавме да обезбедиме финансирање преку Владата на Република Македонија, нешто повеќе од 1,6 милиони евра се средства предвидени за изградба на тврдината „Исар“. На ѕидините сите посетители ќе имаат можност да се движат и да имаат прекрасен поглед на градот Штип. Очекувам во наредниот период по завршувањето на тендерската постапка да се започне со реализација на овој значен проект за нашиот град и со тоа Штип да го промени визуелниот изглед онака, како што заслужуваат нашите сограѓани, изјави штипскиот градоначалник Иван Јорданов.