Крадец на накит од американската сојузна држава Флорида украл обетки вредни вкупно околу 770.000 долари (720.000 евра), коишто при апсењето ги проголтал.
Џаетан Гилдер (32) им се претставил на вработените во специјализираната продавница „Тифани“ како претставник на кошаркар на НБА-кошаркарскиот клуб Орландо меџик, пред да биде одведен во ВИП-соба. Таму му биле покажани неколку парчиња накит од високата класа, се вели во соопштението на полицијата.
(CMR) A Houston man has been charged after allegedly swallowing $769,000 worth of Tiffany & Co. diamond earrings in a botched robbery at an Orlando mall, police report.https://t.co/TRLtlo0DcO pic.twitter.com/ju7WRDxRhD
— Cayman Marl Road (@Caymanmarlroad_) March 5, 2025
Вработените му покажале на наводниот „ВИП-гостин“ пар дијамантски обетки од 4,86 карати, вредни 160.000 долари, обетки од 8,19 карати во вредност од 609.000 долари и прстен од 5,61 карат со дијамант, што се проценува на 587.000 долари, се наведува. Потоа, тој ги грабнал трите парчиња накит, но бегајќи од вработените, го испуштил прстенот, но ги проголтал обетките.
Крадецот подоцна е уапсен и затворен во Округот Вашингтон, пишува МИА.
Рендгенската снимка на стомакот на осомничениот покажала, како што верувала полициската управа во Орландо, дијамантски обетки – бела маса што силно светка на сивата позадина на неговиот дигестивен тракт.
„Се сомнева дека ова страно тело се обетките на Тифани украдени за време на грабежот, но ќе треба да се земт … откако ќе бидат исфрлени“, се вели во извештајот за апсење на одделот, пренесува курир.рс.