Саша Поповиќ, денеска ќе биде погребан на Бежанијските гробишта.
Семејството, пријателите и соработниците ќе му оддадат почит на комеморативниот собир закажан за 10 часот во центарот „Сава“, додека во 12 семејство ќе прима сочувство на Бежанијските гробишта.
Опелото е закажано за 13 часот и 45 минути во црквата Свети апостол Тома, а како што дознава Гранд ќе чиноначалствуваат неколку свештеници.
Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути, а црковниот хор ќе ја придружува погребната поворка до последното почивалиште.