Нечовечки и монструозни се информацииите кои денес се појавија во јавноста, а тоа е дека некој ноќеска го откопал гробот на Зоки Фаци. Јавноста е во шок од овој ниту брутален лин, нема ни пет месеци од неговата смрт. Неговото семејство го пријавило случајот во полиција и во моментов се врши увид.
ММС контактираше со неговиот внук Дарко, кој видно потресен ни потврди дека ваков монструозен чин е направен ноќеска на гробиштата во Катланово, каде е погребан Зоки.

-Ние саботата и неделата бевме на гробишта и немаше ништо. Пред неколку часа кога ни се јавија луѓе од Каланово дека гробот е откопн се шокиравме. Искршена од страните е плочата, искршени се вазните. Копале во гробот, го отвориле ковчегот и дури му се гледа главата н Зоки. Во ковчегот имаше несесер, кој го отвориле. А што може да има во несесерот, освен работите што се ставаат од адетите. Најверојатно барале злато! Ама кој става злато во гроб, само часовникот му го ставиме, кој не е ни златен. До тоа ли им дојде? И починат не го оставаат на мир. Не ми е јасно зошто го прават ова, ни рече Дарко, видно вознемирен. .
Тој вели дека веднаш пријавиле во полиција и дека неговите веќе се заминати за Катланово, каде во моментов се врши увид.

-Пријавивме и не знам што ќе се случува понатаму. Чудни луѓе сме, не ми се верува ова што се случува. Таква монструозност. Какви се нелуѓе живеат. Само штета ни направија. Таму се погребани баба ми и дедо ми, на Зоки мајка и татко. Ние на тој гроб дополнително направивме, она како што сега го викаат перниче, со слика и име и презиме на Зоки. Сегае скршена плочата. Какви монструми се тие што го направиле ова. Чекаме да заврши увид па да ја вратиме земјата, па да ја попавиме плочата, вели внукот на Зоки.
Зоки почина во ноември минатата година по тешко боледување од канцер.
Јутјуберот Стефан Лазаров исто така објави за овој монструозен чин.
-Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота, напиша тој.