По тешко боледување од малигно заболување денеска на 70-годишна возраст почина Саша Поповиќ.
Тој се бореше со тешка болест помалку од една година. Уверен дека ќе ја победи, се бореше до последен момент. Неговото лекување беше доверено и на лекарите во Париз, каде што редовно одеше на терапија. Последните фотографии кои се појавија во јавноста, откако беа направени од папарацо тим, поттикнаа надежи дека Поповиќ ќе ја добие битката, но неговата здравствена состојба се влоши последните месеци. Како што веќе беше објавено во медиумите, Саша за тешката болест дознал случајно откако ја скршил ногата.
Бидејќи раната не зараснала по очекуваниот период, лекарите извршиле детален преглед на целото тело на Поповиќ и за жал откриле дека неговото здравје не е добро. Иако третманот започна веднаш, болеста се проширила. До последен момент неговите колеги се надеваа дека тој ќе се врати во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и секојдневно му испраќаа зборови на поддршка.
Саша починал опкружен со семејството, кое му беше најголема поддршка во текот на целиот период.
„Со неискажлива тага ја информираме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција, стои во соопштението на „Гранд продукција“