Еден од најголемите скандали во американската политика беше аферата меѓу Моника Левински и тогашниот американски претседател Бил Клинтон, која беше разоткриена од поранешната американска државна службеничка Линда Трип. Линда почина од рак на панкреасот во 2020 година, но нејзината улога во овој скандал останува запаметена, пренесува курир.рс.
Трип билa близок пријател со Моника Левински (49) и откако дознал за аферата меѓу поранешниот претседател и неговата секретарка, почнала тајно да ги снима нивните телефонски разговори. Таа ги предаде овие снимки на специјалниот советник Кенет Стар, кој ја водеше истрагата за администрацијата на Клинтон.
Моника Левински често истакнува како интернетот одиграл клучна улога во нејзиниот медиумски линч.
-Јас сум нулти пaциент за губење на угледот на интернет. Една вечер легнав анонимна, а следното утро ме знаеше цел свет“, изјави Моника и додаде:
-Тоа немаше да се случи без интернет. Имам пријателка која секогаш кога ќе се видиме, во одреден момент од нашето дружење, само ја затресува главата и вели: „Не ми се верува дека сеуште си жива“.
Ако се сеќавате на познатиот син фустан во кој беше пронајдена семената течност на Клинтон – Линда Трип беше клучната личност која ја објави оваа информација во јавноста.
Овој скандал доведе до сослушување за импичмент на Клинтон во 1998 година. Откако првично ја негираше аферата, претседателот конечно ја призна вистината и јавно се извини на своето семејство и на нацијата.
-Бев импресионирана што сум пожелна за маж кој го обожава цела Америка. Сакав да го заведувам покажувајќи му долна облека“, изјави Моника.
Таа додала дека девет пати имале интимни односи, а често имале и орален секс.
-Дамките на фустанот ги видов само неколку дена подоцна, додека го пробував пред пријател кој ме убедуваше да го задржам – рекла таа.
По средбата со Клинтон, таа отиде на вечера во истиот фустан, несвесна колку тоа парче облека ќе и го промени животот.
Во екот на овој скандал таа имаше само 22 години. Денес, речиси три децении подоцна, нејзиното име е синоним за преживување и трансформација.
Денес, Моника Левински е посветена на борбата против насилството на интернет и јавно се залага за заштита на жртвите на дигитален линч.
„Тоа што ми се случи мене никогаш не треба да му се случи на никој друг“, рече таа во еден од нејзините говори.
Од млада жена чие име беше поврзано со политички скандал до активист и борец за правда – Моника Левински е доказ дека е можно да се преживее и да се издигне над етикетите што општеството ви ги наметнува.