На црвениот тепих на овогодинешните САГ награди за 2025 година, беше невозможно да не се забележи една работа – Холивуд никогаш не бил потенок. Додека ѕвездите се движеа кон Аудиториум во Лос Анџелес, публиката и медиумите беа вчудоневидени од драстично послабиот изглед на многу познати личности. Оземпик, лек кој првично беше развиен за дијабетес, но стана хит во индустријата за слабеење, сега веќе не е само тренд – тој стана норма.
Актерките и пејачките кои некогаш беа познати по своите поздрави облини, сега влегоа во нова, исклучително витка фаза. Оскаровката Кети Бејтс отворено призна дека Оземпиќ одиграла клучна улога во нејзиното губење на повеќе од 45 килограми, додека Селена Гомез, Брук Шилдс, Деми Мур, Аријана Гранде и Џорџина Чепмен предизвикале шок со своите сè потенки фигури.
„Деми Мур изгледа неверојатно слабо…, напиша еден фан на социјалните мрежи, додека друг додаде: „Селена Гомез повторно е слаба“.
Најголеми коментари предизвикаа Брук Шилдс и Аријана Гранде, чии фигури се речиси непрепознатливи од пред само една година. Аријана предизвикаа загриженост кај обожавателите, а некои шпекулираат дека лековите за слабеење се причина за нејзината драматична промена во изгледот.
Кога Селена Гомез се појави во темно син фустан со длабоко деколте, вниманието не го привлекоа само нејзиниот гламурозен стил и самодоверба, туку и нејзината силуета која изгледаше значително послаба од претходната година.
Холивуд во 2025 година изгледа поинаку од кога било досега. Додека поранешната индустриска опсесија со „фитнес и здрав начин на живот“ ги диктираше правилата, денес трендот на слабеење доби нова, речиси задолжителна димензија.
Додека некои со чудење ја гледаат новата ера на слабиот Холивуд, други се прашуваат – дали овој феномен е само минлива мода или трајна промена во светот на славните? Она што е сигурно е дека наградите САГ 2025 оставија впечаток кој не може да се занемари: Холивуд никогаш не бил потенок.
Извор: (Ona.rs/Daily Mail)