Не една, туку две претстави ќе има возобновеното шоу „Гумците пеат“ и тоа на 9 април, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи во Македонскиот народен театар (МНТ).
Како што најави организаторот годинава инспирација е филмската музика, за разлика од лани кога на сцената продефилираа актери исполнувајќи евровизиски хитови.
Годинава на шоуто ќе настапат околу 25 актери, секој со своја музичка приказна.
Познатата манифестација „Глумците пеат“ по пуза од 17 години беше возобновена лани, кога ги доби сите пофалби. Маја и Ира Бабиќ ја возобновија манифестацијата во чест на нивниот татко Марин бабиќ, кој е идеен творец.
Режисер на шоуто е Дејан Пројковски, диригент на биг бендот е Љупчо Мирковски, новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, а кореографијата на Олга Панго.
Првата претстава на „Глумците пеат“, е закажана за осми април и веќе е распродадена.