Американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на гостите од деловниот и финансискиот свет на Самитот за приоритети на Институтот за идни инвестиции што се одржа во средата во Мајами.
Во својот говор, Трамп истакна серија „измами и кражби“ откриени од Канцеларијата за владина ефикасност (ДОГЕ), предводена од Илон Маск, пренесува новости.рс.
Некои од овие „измами и кражби“ се толку неверојатни што едноставно е нереално дека биле дури и можни.
На пример: 21 милион долари за зголемување на излезноста на гласачите во Индија; 2 милиони долари за операции за промена на полот во Гватемала; 20 милиони долари за продукција на детско шоу „Улицата сусам“ во Ирак; 520 милиони долари за консултант ангажиран да основа инвестициски центар во Африка (би сакал да го запознаам-Трамп); 100 милиони долари за купување кондоми за палестинската организација Хамас;
-Наоѓаме и масовни злоупотреби, трошења и измами во социјалното осигурување. Социјалното осигурување е – она што се случува таму ќе биде еден од најголемите потенцијални скандали во историјата, рече Трамп и продолжи:
-Во програмата има над 4,7 милиони броеви за социјално осигурување за лица на возраст од 100 до 109 години. 3,6 милиони луѓе се на списокот на социјалното осигурување на возраст од 110 до 119 години. 3,47 милиони — 3,47 милиони луѓе се на социјално осигурување на возраст од 120 до 129 години! 3,9 милиони луѓе се на возраст од 130 до 139 години за социјално осигурување. Сега рекордот на сите времиња е жена која имала 127 години. 3,5 милиони луѓе на возраст од 140 до 149 години. 1,3 милиони луѓе се на социјално осигурување на возраст меѓу 150 и 159 години. И над 130.000 луѓе се на социјално осигурување на возраст над 160 години, 1.039 луѓе на возраст меѓу 220 и 229 години. И едно лице помеѓу 240 и 249 години. И, конечно, рекордер: Има едно лице на социјално осигурување кое има 360 години што е околу 110 години постаро од нашата земја, рече Трамп во говорот.