Претседателот на СДСМ Штип, Павел Иванов, денеска обвини дека мега паркот „Иднина“ вреди колку обиклоницата со новиот мост на Брегалница:
- Денес повторно Јорданов најавува изградба на мега парк вреден стотици милиони денари. Само за илустрација, овој парк по вредност е еднаков на вредноста на новата градинка во населба Сењак и вредноста на обиколницата заедно со мостот на река Брегалница. Додека тој планира да потроши огромни суми на проекти кои звучат добро на хартија, вистинските проблеми на граѓаните остануваат нерешени. Сообраќајот е парализиран и целосно блокиран, секој ден е нов хаос, секој тротоар е паркинг. Најголемата иронија е тоа што додека градоначалникот се фали со нов парк, постоечките паркови во Штип се целосно запуштени, но Јорданов се обидува да не убеди дека новиот парк ќе биде различен.“ – вели Иванов.
Мега паркот „Иднина“ ќе чини 100 милиони денари и ќе се простира на површина од 70 илјади метри квадратни.