Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во гостување во емисијата „Дијалог на Лајми“ изјави дека Артан Груби, кој е во бегство, сè уште има силно влијание врз ДУИ.
Тој истакна дека Груби е во редовен контакт со лидерот на партијата, Али Ахмети, а тоа, според него, се забележува во начинот на кој функционира партијата, како и во медиумите блиски до него.
„Се шпекулира дека е во Албанија, но мислам дека постојано комуницира со раководството на ДУИ. Очигледно е дека неговото влијание сè уште се чувствува – и во соопштенијата, и на порталите, и во медиумите. Тој можеби замина, но последиците од неговото дејствување остануваат и се непоправливи“, изјави Меџити.