Се интензивира полициското присуство во сите реони во Штип поради зачестените приговори од граѓаните за кражби и несовесно однесување во сообраќајот. За таа намена ќе порасне бројот на позорни патроли и на сообраќајни мото патроли.
- Полицијата секојдневно се соочува со предизвици во работењето, но се прават максимални напори со нив да се справува навремено, со цел поголема безбедност за граѓаните и обезбедување на јавен ред и мир и намалување на криминалитетот. Ангажирани се сите потенцијали, по што од ноември минатата година, па до сега расчистени се 16 кривични дела „тешка кражба“. Осомничените се лишени од слобода и против нив се поднесени соодветн пријави, велат од СВР Штип.