Во 7-та недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се 184 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 115 лица се на возраст од 15-64 години, 31 лице се кај деца на возраст од 5-14 години, 24 заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години, и 14 лица во возрасната група од 0-4 години.
Почнувајќи од 40 недела, заклучно со 7 недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се вкупно 609 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, во возрасната група од 0-4 години пријавени се 39 лица, на возраст од 5-14 години пријавени се 74 лица, на возраст од 15-64 години пријавени се 416 лица и во возрасната група над 65 години пријавени се 80 заболени лица.
Дистрибуција на случаите од сезонски грип/ заболувања слични на грип по месеци:
- октомври – 0 случаи
- ноември – 8 случаи
- декември – 11 случаи
- јануари – 307 случаи
- февруари (заклучно со 16.02.2025) – 283 случаи
Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, со најголем број на случаи пријавени во месеците јануари и февруари.
Согласно овие податоци, во општина Штип има висок интензитет на вирусот на грип, стои во извештајот од Центарот за јавно здравје – Штип.