Еден дилер на дрога проголтал пакување кокаин, а друг сакал да го рли пакувањето самоз а да не ги фти полицијата.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед во возило „ауди” во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренесле во Општата болница во Охрид, информираат од СВР Охрид и додаваат:
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.В.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед во патничквозило „шкода” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да исфрли пакување со кокаин, кое било одземено, а лицето било лишено од слобода, се вели во информацијата од СВР Охрид.