Музичкиот спектакл на 75-тото издание на фестивалот Санремо му донесе неочекувана победа на младиот пејач Оли, кој ги воодушеви присутните и жирито со песната Balorda nostalgia.
Неговата интерпретација и емоциите кои ги пренесе за време на настапот го однесоа на самиот врв на натпреварувањето и му обезбедија билет за Евровизија каде ќе ја претставува Италија.
Оли е млад италијански пејач од Џенова, роден во 2001 година, а создава музика од 2016 година. Неговиот стил комбинира поп, хип-хоп и Р&Б елементи, што му дава специфичен звук кој се истакна на овогодинешниот Санремо.
Ова не му е прво учество на фестивалот, двапати се натпреваруваше, но дури сега успеа да го оствари својот сон и да победи.
Во рамките на традиционалната вечер посветена на обработки на познати песни во соработка со други музичари, Оли направи спектакл настапувајќи со легендарниот Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреби“.