Наталија Веденина се омажила за 17 години помладиот Нигериец Габриел и имала само една желба: да му роди дете.
Се запознале на веб-сајт за запознавање, се вљубиле, започнале врска и се венчале, а потоа им станале родители на близнаците Давид и Данило.
Наталија Веденина била мажена во младоста, но се развела. Самата се грижела за синот Анатолиј и сонувала дека еден ден ќе го најде својот принц. А потоа, во 2010 година се случило чудо! Кога го запознала Пол Габриел Сегун Аџаи на веб-сајтот, животот засекогаш ѝ се променил. Нигерискиот принц не само што дошол да ја посети, туку и засекогаш останал во Русија. Условите му биле совршени – вода, струја и греење 24 часа.
Нигерискиот принц брзо научил руски, нашол работа како возач на трактор и се заинтересирал за фудбал. Во 2013 година, Наталија и Пол се венчале, а во 2017 година станале родители на близнаци. Но една година подоцна, оваа бајка на руската пензионерка неочекувано завршила. Наталија Веденина станала вдовица, но не останала долго сама.
Имала двајца партнери одеднаш. Првиот бил помладиот брат на принцот Пол, а другиот бил полицаец од Гана по име Орландо.
Никому не му пречело тоа што Наталија е 30 години постара од своите љубовници. Сепак, решиле да стават точка на односите. Наталија не тагувала долго поради раскинувањето на љубовните врски со Африканците, туку набрзо си пронашла нов партнер, 27-годишниот Фјодор Поморов.
Наталија сакала да му роди дете на Фјодор, па на 54 години се одлучила за вештачко оплодување, но тоа било неуспешно.
На Фјодор не му се допаднало тоа што Наталија Веденина продолжила да комуницира со своите африкански пријатели и поранешни роднини. Еден ден си ги спакувал работите и си заминал, наводно, кај поранешната девојка.
Наталија брзо го преболела раскинувањето и им се посветила на децата.