Обвинителите и досега редовно ги извршувале своите активности, вели претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска.
- За тоа зборува и бројот на предмети кои што се решаваат, како и бројот на осудени лица. Сметам дека Обвинителството секогаш редовно ја извршува својата функација. Кога станува збор за ветингот, тоа е добра работа. Секоја работа на секој функционер кој обавува такви функции е добро да биде транспарентна. Таквите законски обврски само ќе придонесат за подобрување на состојбите, рече Димитриеска.
Недостасуваат 100 јавни обвинители. На прашањето зошто нема интерес и дали евентуално се плашат да седнат на таа функција, Димитриеска кажа дека истиот проблем постои многу години наназад.
- Обновувањето на јавно обвинителските кадри се врши само од Академијата за судии и јавни обвинители и проблем тука е што нема доволно нови кадри за да се пополнат местата во основните јавни обвинителства. Во однос на пополнувањето на местата во повисоките јавни обвинителства, тука веќе постојат законски услови и кругот на обвинителите кои што можат да се јават за унапредувањето веќе се стеснува со оглед на тоа што треба да исполнуваат законски услови со оглед на годините потребни за стаж за да напредуваат. Интерес има кај новите кадри од Академијата со оглед на тоа што во Советот минатата недела имаше отворен каде заинтересираноста беше голема, додаде таа.
Гледајте ја целата емисија Стадион на линкот: