Вчера во СВР Штип пристигнала пријава од Казнено-поправната установа Затвор Штип за инцидент што се случил околу 16:40 часот.
Според пријавата, осуденик на возраст од 35 години, Д.М. од Штип, бил физички нападнат од друг осуденик, 44-годишниот Б.Х.Ј., исто така од Штип. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.