МВР информира за фатална сообраќајка во близина на Кичево.
-На 11.02.2025 во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за село Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешак И.А.(66) од истото село. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР