Пејачката Неда Украден (75) има фигура на која можат да и позавидат и нејзините колешки на половина нејзина возраст. Како што еднаш кажа, се грижи за исхраната, но и редовно вежба.
Готвени оброци, зеленчук, овошје, маслиново масло, медитеранска храна, на трпезата на Неда Украден ги има речиси сите намирници кои се полни со витамини, а воедно ја одржуваат сити. Пејачката посегнува и по колачи и друга храна, но веќе вториот ден се враќа на избалансиран и здрав режим.
Иако јавноста тоа не го забележа, пејачката се здебели неколку килограми за време на пандемијата на коронавирус, а за да си ја врати тежината, како и многу други познати личности, посегна по диета со липосукција.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/09/neda-ukraden3-instagram.jpg)
Нејзината исхрана во тоа време се базирала на протеини, а избегнувала јаглехидрати и штетни шеќери.
Пиела здрави шејкови на секои четири часа, јадела многу салата и месо.
Појадок: Смути со овошје
Ручек: Стекови и зелена салата
Вечера: чорба од брокула
Совет: Ако се чувствувате гладни, испијте чаша вода или чај од ѓумбир.
Извор: kurir.rs