Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот колега Владо Георгиев со години не се во добри односи. Иако нивниот конфликт долго време мируваше, Карлеуша сега удри по Георгиев, пренесува иформер.рс.
Имено, пејачот одржа неколку концерти во Сава Центар, а еден особено го привлече вниманието на сите. Владо побарал да му донесат цигара и пиво на сцената, иако тоа е строго забрането. Тој пушел и пиел непрекинато до крајот на концертот, што и пречело на Јелена, која остро го осудила неговото однесување.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2025/02/karleusa-instagram1-638x1024.png)
-Срби, зошто го толерираме овој дегенерик и алкохоличар кој сее омраза и хомофобија? Дали се тоа „вистински вредности“? И ја прашувам оваа публика во Сава Центар, зошто плескате и врескате на ова?! Вака ли се борите за човекови права? Инаку, овој лажен Црногорец, лажен Србин и всушност Бугарин, Владо Георгиев, своите концерти во Сава Центар ги рекламира под слоганот „господски“. На овие „господски“ концерти, ова куче ги шири ноздрите, шири омраза, пијан ги навредува луѓето, се сопнува, го нагрдува јазикот и го покажува своето вистинско, изопачено лице. Некој да плати карта за тоа?, напиша таа на својот Инстаграм профил.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2025/02/karleusa-instagram-582x1024.png)