Повеќе камери за следење на сообраќајот, но и безбедноста на учесниците кон средината на оваа година ќе бидат поставени во Штип. Како што најави градоначалникот Иван Јорданов, камери ќе има на сите фрекфентни места низ целиот град, вклучително и училиштата. Но, камерите нема да бидат единствената мерка за зголемување на сообраќајот и јавната безбедност.
-Во периодот кој што ќе следи, ќе бидат обележани сите пешачки премини, сите сообраќајници не само во централното градско подрачје туку и најфреквентните сообраќајници на територија на Општина Штип и булеварските решенија, посоодветно обележување на пешачките премини, заштита на тротоарските површини. Исто така, поставување на безбедносни камери и спроведување на проектот „Безбеден град“ не само на јавни површини и на сообраќајници, туку и на сите основни и средни училишта за да го превенираме сето она што се случуваше во изминатиот период, а тоа е загрозувањето на безбедноста на учениците во рамки на самите образовни институции, изјави Јорданов.
Градоначалникот побар засилено присуство на полицијата и реашвање на проглемот со пракираните возила.
Оваа изјава следеше по седницата на Локалниот совет за превенција, на која присуствуваше и началникот на Секторот за внатрешни работи од Штип, Дејан Салтировски, кој дополни дека по барање на МВР, во моментов се работи на лоцирање на места за поставување на камери.
Градоначалникот Јорданов рече дека ќе се поставуваат столпчиња на тротоарите да не може да се паркира, ќе се уредуваат тротоарите и рабниците. Според Јорданов, оваа недела ќе се опоменува, но веќе од наредната недела ќе почне да се казнува.