Со повреди во Клиничката болница во Штип е однесена девојка, која претпладнето по 9 часот била удрена од патничко возило додека поминувала на пешачки премин кај Дујлето во Штип. Случајни минувачи притрчале да и’ помогнат на девојката и повикале Брза помош. Набргу е пренесена во Клиничката болница во Штип.
Од таму за Канал 77 информираа дека во тек е рендген снимањата, по што ќе се знае повеќе за повредите.
-Девојчето е 21 година, примена на Итна ортопедска амбуланта, прегледана, снимена има набиеници на надколеница и во појасниот дел. Дадени се аналгетици и пратена на домашно лекување со препорака за контрола, велат од Клиничка болница за ММС.
Младиот возач е на местото на настанот, додека полицијата врши увид.