Држвниот обвинител Љупчо Коцевски во денешната емисија на Канал 77 се зафати и со СЈО и пријавите што излегоа по него, како што е проектот „Скопје 2014“. Обвинителство пред неколку дена информираше дека по 12 години поднесен е Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата.
На прашањето зошто дури сега тој одговори:
-Доказите се прибираат многу тешко. Не можам детали да кажувам. Проблем е вештачењето. Се прави економско и финансиско вештачење. Не е само да се утврди материјалот, стиропор или мермер, има и други докази, како што е колку е штетата и така натаму. Толку можам д акажам, рече Коцевски.