Државниот обвинител, Љупчо Коцевски беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал 77 и се согласи со измените на Законот за безбедност во сообраќајот, односно дека казните треба да бидат поригорозни, па и казна одземање на автомобилот.
-Лично јас сум за многу поригорозни казни, за зголемување на висината на казната. Секако тука спаѓа и заплена на возилото. Се сложува па и за доживотна забрана за управување автомобил, притвор за луѓе под дејство на алкохол. Казнената политика во тој дел треба да биде построга, бидејќи кога веќе си седналз ад воланот не смееш да пиеш, не смееш да бидеш под наркотични дроги. Не само што го доведуваш во опасност својот живот, туку и на другите учесници во сообраќајот, рече Коцевски и го објасни проширувањето на обвинението против Васил Јованов и на неговите родители.
– Ако сторителот на кривичното дело е свесен дека е под дејство на алкохол, дека оди со голема брзина, со самото тоа што поминува на црвено светло не може да се работи за небрежност Сите работи ги прави свесно. Вози над 100, пијан, а зошто пие кога знае дека ќе вози. Токму тоа е делот каде законодавецот ја издвоил умислата од небрежноста. Врз родителите засега се врши распит на низа околности. Често слушам дека требало да одговараат за запуштање на дете. Ако му купил возило не е запуштање, ако родителот му ги дал клучевите, ако знае дека неговото дете вози без дозвола, тогаш не требало да му купува. ако знае дека неговото дете има одредено девијантно однесување, тогаш родителот треба да внимава. Воспитувањето мора да биде од мали нозе. Но, родителот треба да знае кај му е детето, до кого, кај се движи. Тоа е дел од родителската грижа и обврска, рече Коцевски.