Работник од Бангладеш вчера загинал во кратовско додека извршувал работни задачи.
-На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото. Лекар констатирал смрт, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.