Озлогласениот рапер Шон Диди Комбс се соочи со ново обвинение поднесено против него од анонимен маж. Станува збор за поранешен стриптизер кој тврди дека раперот сексуално го злоставувал, го дрогирал и го принудувал на сексуални односи со неколку жени.
Човекот тврди дека Диди го ангажирал да изведува стриптиз шоу во 2007 година, а тој продолжил да работи за него до 2012 година. Во тужбата се наведува дека Диди го принудил да „изврши дела кои биле надвор од опсегот на договорената изведба и ограничувањата поставени од него и неговата агенција“.
Во тужбата откри и дека раперот тајно го снимал неговиот сексуален однос и дека му подметнал вијагра, а подоцна, како што вели, ги искористил снимките како уцена. Дополнително, како што тврди во тужбата, го принудил „да се полие со бебешко масло“, по што се почувствувал дезориентиран. Раперот наводно му ветил дека ќе му помогне во музичката кариера и на тој начин успеал да го изманипулира, според Ролинг Стоун, пренесува курир.рс.