Екс бугарскиот премиер и лидер на владејачката партија ГЕРБ, Бојко Борисов ќе побара од актерот Силвестер Сталоне, со кого има пријателски односи, да се приклучи на кампањата за укинување на визите за Бугарите во САД.
Сталоне е еден од тројцата амбасадори на Холивуд назначени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше поканет и на неговата инаугурација. Борисов се надева на помошта од Силвестер Сталоне, како што рече „поради неговите зборови дека дури и волците имаат интернет во Бугарија“.
Борисов, исто така се повика и на ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, а рече дека овој предлог му го дал на министерот за надворешни работи Георг Георгиев.
„Претседателот Трамп вети дека ќе го добиеме правото, како и сите други европски земји, да патуваме без визи. Потоа ќе го направивме тоа со Канада“, се присети тој на разговорите за време на неговиот трет мандат.
Силвестер Сталоне во текот на 2019 година во Бугарија го снимаше петтото продолжение на филмот со кој се прослави, „Рамбо“. Бојко Борисов, како тогашен премиер, го прими славниот актер во премиерскиот кабинет, каде си ги одмерија силите со туркање рака. Подоцна Борисов се пофали дека му го честитал и роденденот на Сталоне, додавајќи дека „Роки и самиот Рамбо“ се враќаат во Бугарија, „што е едно од најдобрите реклами за земјата“.