Игор Југ, осуденик за „случувањата на 27 април“ почина и не дочека да му се роди син. Тој во емотивна објава на неговиот профил на Фејсбук, и го честиташе денес роденденот на ќеркичката и, како да пречувствувал што ќе се случи, остави порка и за неа и за неродениот брат.
-Среќен седми роденден Катарина! Од раѓање, твојот живот го поминуваш со татко ти во затвор!
Веројатно тоа го чека вашиот помал брат, кој наскоро треба да се роди. Запомнете, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водеа оваа земја. И претходните и сегашните. Ќе се чудите зошто само татко ти тоа го кажува јавно, а другите што лежат со него избегнуваат да го спомнуваат, а еден од нив, поширок во газот отколку во рамениците, болно амбициозен да стане министер или претседател, дури и ги фали оние што девет месеци не дупчат во здрав мозок, а ние останатите не ги шпионираме и не даваме мислење за нашата човечка вредност! Немојте да се чудите, овие суштества газат по семејните презимиња, ги менуваат и на нивно место ставаат прекари. Се во служба на личниот интерес и кариерата! Еден ден ти и брат ти ќе разберете што сака тато да ти каже, стои во објавата на Фејсбук.