Утрово во шест училишта во скопската населба Аеродром има дојава за поставена бомба. Веќе се евакуираат учениците од основните училишта „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Љубен Лапе“….
Екипи на МВР веќе се на терен и се проверуваат училишата.
Според неофицијални информации дојава за бомби имало и во други училишта, во други населби.
Се очекува МВР наскоро со детални информации. Засега само потврдија дека дојава за бомби имало на службените мејлови на училиштата.
-Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот, вела од МВР.