Утре повторно ќе се бојкотираат маркетите. На социјалните мрежи под мотото „Црн петок“ се шири повик за нов бојкот на маркетите, бидејќи првиот, што се одржа на 31 јануари даде резултати.
Според информациите од УЈП првиот бојот речиси им го преполови прометот.
-Во осумте поголеми синџири на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети, информираа тогаш од УЈП.
ММС беше во обиколка на маркетите на првиот бојкот и заедничко и н граѓаните и на вработените е дека еден ден не е доволен.