Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.
-Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата. Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада. Ова ли е „департизацијата” што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот” кој го најавуваа? Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели, информираат од СДСМ и додаваат:
-Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, држаните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ. Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ? Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција, се вели во соопштението.