Ноќе потпалил нива и предизвикал пожар, поради што полицијата го привела Г.Г., 64-годишен жител на кочанското село Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Според информацијата од МВР, приведувањето се случило на 04.02.2025 во 01.40 часот. Г.Г. се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани,а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва по член 288 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Фото: Архива