Васил Јованов, кој на „Партизанска“ ја усмрти Фросина Кулакова е во притвор во Шуткна, но и од таму успеа да ја разгневи јавноста.
Порталот „Буревесник“ објави фотографии од притворското одделение во истражниот затвор Шутка со мобилен во раце, а потоа и од СДСМ ги повика Тошковски и Пандов да кажат кој му дозволил да има мобиле.
По објавите на Јованов му бил одземен мобилниот, но дополнително се испитува како дошол до мобилниот уште следниот ден.
Извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Истрагата е во тек, потврди за Телма директорот на истражниот затвор Бобан Утковски.