„Кривичниот суд се брани дека сообраќајќите биле општествен проблем. Во ред. Се согласувам, колеги. Но, нели ние ги учиме студентите по право дека вашата судиска улога е, преку соодветно одмерување на санкциите и казнената политика, да направите генерална превенција ако воочите таков “општествен проблем”, велат од Левица.
Во соопштението пнатаму се вели:
-А што правите вие, драги судии? Со години ги олабавувате критериумите до непрепознатливост и под влијание, врски, мито… судите преблаги казни под законскиот минимум, дури и во случаи со смртни последици кои не биле баш “несреќни случаи” (туку резултат на дрога, алкохол и аздисаност).
И затоа, баш во вакви случаи, секој јуснатуралист ја сфаќа длабоката суштина на древното талионско начело(“Око за око, заб за заб”). Оти, ако Државата преку imperium-от кој им го дала на судиите, не ги штити нашите животи, тогаш ние живееме во преддржавна состојба! А во таквата состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога во блиска иднина некој родител на кој некоја дрогирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце и сам ќе му пресуди на убиецот кој има протекции и секаде поминувал неказнето, оти е “наше дете” заштитено од некој буџовански властелин.
Ете, гледате ли до што не’ доведовте, драги наши корумпирани расипани обвинители и валкани пандури. Да живееме во дивјачка средина – без право, морал и закони. Јаз’к да ви се тогите што ги носите (со чест на ретките исклучоци).”, се вели во сооштението на Левица.